Истражувањето докажа: Мажите се многу поромантични и поверни од жените

Според едно истражување на психолози извршено на луѓе на возраст од 20-60 години, добиени се многу неочекувани резултати. Само 3% од мажите изјавиле дека поминуваат време на интернет поради „лесниот плен“ и сексот без обврски.

Спротивно на тоа, дури 50% од жените изјавиле дека ја прекинуваат врската поради лош секс. Психолозите не очекувале дека толкава ќе биде разликата помеѓу машките и женските мислења.

Понатамошното истражување исто така било во корист на машкиот пол и покажало дека мажите се поромантични и поверни од жените. Повеќе мажи отколку жени признале дека биле заљубени и дека веруваат во љубов на прв поглед, повеќе разменуваат нежности и повеќе се заинтересирани за сериозна врска дури и ако не се заљубени и не чувствуваат сексуална привлечност.

Дури 46% од мажите сметаат дека треба да започнат заеднички живот со партнерката во текот на првата година од врската, додека на тоа се подготвени само 26% од жените.

Откритие претставува и изјавата на шеесетгодишник за кого романса без сексуална привлечност е непоимлива. Луѓето на оваа возраст исто така се фалат дека во повеќе 0д 90% од времето поминато при сексуални односи доживуваат оргазам.

Во прилог на ова, оди и истражувањето според кое луѓето помеѓу 50 и 60 години се многу позадоволни отколку младите. Тоа е така затоа што повеќе не чувствуваат притисок да бидат тоа што не се, туку се прифатиле себеси такви какви што се, и конечно можат, сакаат и знаат како да уживаат во животот.




Коментари

коментари