Категории

Италија размислува да воведе платен менструален одмор

Италијанскиот парламент разгледува предлог-закон со кој компаниите ќе мора да им дадат три дена платен одмор месечно на жени кои имаат болни менструални циклуси.

Ако законот биде донесен, Италија ќе стане првата западна земја со службен “менструален одмор” за вработени жени.

Предлог-законот наиде на пофалби од некои локални медиуми кои рекоа дека е позитивен чекор во насока на помагање на жените кои патат од болни менструации. Меѓутоа, предлог-законот има и критичари, а меѓу нив и вработени жени кои потенцијално би биле заштитени со овој закон.

Некои стравуваат дека законот би можело да им се удри од глава и да биде еден вид казна во земјата во која жените се борат за рамноправност.

Доколку им биде дозволено да земат три дена платен одмор, тоа можеби ќе доведе до тоа работодавачите да им даваат уште поголема предност на мажите при вработување, пишува Лоренца Плеутери во списанието Donna Moderna.

Италија веќе има една од најниските стапки на соучество на жените на пазарот на труд. Само 61% од Италијанките работат, што е значително помалку од европскиот просек од 72%.

Се стравува дека со ваков закон уште повеќе ќе се обесхрабрат работодавачите да изберат женски кандидати за нови работни места.

Феминистичките групи стравуваат дека со ваков закон би можело да се поттикне стереотипот дека жените се поемоционални за време на менструалниот циклус. Предлог-законот го предложија жени од Демократската партија на 13 март, а неговото одобрување се очекува во наредниве месеци.

Слични закони веќе постојат во некои делови на Кина, во Јапонија и Јужна Кореја. Неколку приватни компании, како Nike, веќе има воведено вакви одмори за своите вработени.

Прегледи:
328
Објавено на:
27.03.2017