Категории

Италијанец направи сладолед од 125 топки и го постави рекордот

Дмитри Панциера е опседнат со сладолед и тоа дефинитивно не е тајна. Неодамна тој го собори Гинисовиот рекорд во сложување на корнет со најмногу топи сладолед на светот.

Италијанецот Дмитри Панциера го држи светскиот рекорд во правење на корнет со најмногу топки сладолед. Донеодамна тоа изнесуваше 121 топка, но Панциера успеа да го собори сопствениот рекорд така што го зголеми бројот за четири.

Новиот рекорден сладолед го почитува правилото да не смее да биде поширок од девет и половина центиметри, а топките останаа на сладоледот обавезни десет секунди.

Прегледи:
621
Објавено на:
15.10.2020