ПРАВИЛА ОД ИТАЛИЈАНСКАТА КУЈНА

Честопати сме пишувале за италијанската кујна и за италијанското кафе како едно од најдоброто и место од каде почнува да се шири светската кафе култура. Сега е време кога е потребно да напишеме нешто кое би ви било од голема корист доколку сте се одлучиле да ја посетите Италија, а тоа е како да порачате јадење и истотo да го конзумирате како вистински италијанец. Можеме да почнеме со најбитните работи а тоа се тестенините. 

Тестенините никогаш не се послужуваат како гарнир

Се случува во некои “италијански” ресторани да порачате главно јадење кое го сочинуваат неколку видови на месо, а тоа наместо да биде гарнирано со компири или витаминска мешавина, вие сетоа тоа можете да го добиете измешано со тестенини. Навистина тоа е многу погрешно и вон традициналната италијанска кујна. На сите нас ни е познато дека тестенините секогаш се слушат како главно јадење особено во Италија.

гарнири

Салатата не се служи како предјадење 

Тргнувајки од првата и основна точка, додека пак се случува салатата да биде нарачана како предјадење, во Италија и останатите Европски земји. Вообичаено италијанците салатата ја јадат по првото јадење или пак заедно со второто (главно) јадење.

салата предјадење

Вистинското време за јадење 

Ова може да се каже дека е повеќе Англиско Американско однесување каде што се руча многу порано него вообичаено. Италијаните како тема на овој артикл се држат до правилата уште од дамнешни времиња и тоа сеуште се нема прменето, ручекот вообичаено се одржува од 17 до 19 часот но сепак можете да наидете на ресторани кои не го послужуваат јадењето до 19-30 часот, а до тогаш можете да уживате во квалитетна чаша вино и поздрав од кујната.

време за јаедење

Лебот е од суштинско значење но не со секакви додатоци

Мислам дека самото име си кажува многу. Како што викаат италијаните во америчко-италијанските ресторани лебот се послужува како предјадење проследено со балсамико оцет и маслиново масло –toping. Сепак традицијата не се менува, горделивиот народ на Цезар ќе рече Лебот секогаш се послужува заедно со јадењето. Или пак со анти паста јадења (пршута, кашкавал и салами) секако и со јадења кои вклучуваат тестенини за собирање на сосот.

леб

Не за морски плодови со сирење

Можеби сте слушнале од вашите родители или од баба и дедо дека рибата никогаш не се јаде со сирење или било каков млечен производ, можеби се до некаде во право. Италијанскиот тренд кажува “Никогаш не ги мешајте мроските плодови со било какво сирење” доколку не сакате да добиете непријатен поглед од вашиот послужувач немојте да ги заборавите овие 5 битни работи.

морска храна

Преземано: http://ugostitelstvo.mk/




Коментари

коментари