Категории

Италијански научник тврди дека пандемијата ќе заврши помеѓу април и мај 2021 година

Пандемијата на Covid-19 ќе заврши помеѓу април и мај наредната година, тврди италијански научник, професор на универзитетот во Неапол – Франческо Сонино.

Франческо раководи со група научници и истражувачи кои порано користејќи математичка метода, прогнозирале дека новиот бран на пандемијата ќе се одржи помеѓу октомври и ноември.

„Нашите проценки се покажаа високо точни, очекувавме дека владата ќе ги уважи резултатите до кои дојдовме и навреме ќе превземе соодветни мерки, но за жал не беше така“ – вели за весникот Il Fato Kotidijano, професорот Сонимо.

Спрема новите проценки кои се објавени во научното списание Scientific Report во Италија би можело да има околу 8 милиони заразени од Covid-19.

Професорот Сонино тврди дека сега сме на почетокот на вториот бран од пандемијата на коронавирус и дека ефикасноста на мерките кои сега владеат ќе се покажи после неколку седмици.

Прегледи:
598
Објавено на:
13.11.2020