Категории

Италијанскиот град Лука стана првиот европски град прилагоден на животните

Италијанскиот град Лука препознатлив по ренесансните ѕидини и средновековни кули, наскоро ќе стане првиот европски град прилагоден на милениците а иницијативата ја поддржува Европската унија.

Се планира изградба на стази за шетање кучиња и нови паркови за граѓаните и нивните миленици. Во оквирот на проектот е и воведување на програма за терапии на кои ќе учествуваат и домашните миленици како и развој на апликакција која сопствениците на животни ќе им помага каде можат да набават вода за своите миленици.

„Животните се клучен дел од нашето општество а при изградбата на урбанистичките планови тие воглавно се игнорирани“ – вели Франческо ди Јаково, професор на Универзитетот во Пиза кој ја предводеше иницијативата во Лука.

 

Тосканскиот град во оквирот на оваа иницијатива се труди домашните миленици да ги воведе во школи и домови за стари лица како и да учествуваат во образовните програми и терапии.

Бројни истражувања покажуваат дека домашните миленици допринесуваат во намалувањето на ризикот од добивање срцеви болести кај сопствениците.
Ди Јаково додава дека целта на овој напор е на луѓето да им обезбеди да можат да ги носат своите домашни миленици на работното место како и да им го олесни возењето во градски превоз.

Времето поминато со животни исто така помага во намалување на гојазноста, снижување на крвниот притисок и снижување на нивото на холестерол кај сопствениците.

 

Прегледи:
409
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
23.12.2020