Категории

Избегнете ја оваа грешка кога перете алишта во машина: Може да биде ризична по здравјето

Грешка што многумина ја повторуваат – еве што не треба да правите кога перете алишта во машина!

Перење алишта на 30 степени звучи добро, пред се од економски причини затоа што заштедува електрична енергија.

Сепак, експертите предупредуваат дека водата во машината за перење не треба да се загрева на помалку од 60 степени, бидејќи не е добра за здравјето.

Поточно, бактериите во нашето тело живеат на 37 степени, што значи дека температурите од 30 степени, па дури и 40, нема да ги отстранат.

Затоа микробиолозите препорачуваат облеката, особено за децата, да се пере на најмалку 60 степени.

Покрај тоа, за да се осигурате дека бактериите не се задржуваат во машината, препорачливо е да ја вклучите еднаш месечно да испере на 90 степени без алишта.

Прегледи:
382
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
23.11.2019