Избегнувајте ги овие фризури бидејќи со нив изгледате постари од својата возраст

Дали знаете дека одредени фризури можат да придонесат да изгледате постари? Ова се четири стилови кои „додаваат“ години.

Патец на средина

Повремената промена на патецот на вашата коса е добра за неа, за да го избегнете јавувањето на залистоци во иднина. Но, дали знаевте дека патецот на средина на косата може да предизвика да изгледате постари? Наместо на средина, обидете се да ја поделите косата на едната страна.

Рамна коса

Многу жени обожаваат рамна коса, но вистина е дека оваа фризура, колку и да е убава и лесна, додава години. За да го избегнете овој ефект, погрижете се да додадете волумен од самиот корен, а најдобро е наместо за рамна коса да се одлучите за нежни бранови на краевите.

Залижан висок реп

Иако високото репче е наједноставниот начин за стилизирање на косата, фризерите советуваат да обрнете внимание на неколку нешта. Избегнувајте премногу високо залижано репче, како и она со централен патец.

Пунџа на темето на главата

Кога зборуваме за пунџите на темето на главата, залижана и перфектно направена фризура ќе ве направи да изгледате постари отколку високиот реп.




Коментари

коментари