Изберете безбедно и удобно домување во станбениот објект на DDS Building создаден исклучиво со најквалитетни материјали!

При избирањето на совршен дом за вас и вашето семејство, од особено значење е квалитетот на материјалот кој се користел при негова изработка. Сѐ останато може да се промени по ваш вкус, меѓутоа, тоа би било залудно доколку живеете во простор каде што при неговото создавање не се употребени најдобри материјали.


Токму затоа, градежната компанија DDS Building, транспарентно и отворено им стои на располагање на сите заинтересирани идни станари да погледнат што се користи при изградбата на новиот и модерен објект во населбата Маџари. DDS Building е одговорна и професионална компанија која не остава ништо на случајноста, нудејќи го само најдоброто за вас, идните сопственици на некој од станбените или пак деловни објекти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DDS Building (@dobredojdedoma) on


За изведбата на армирано бетонската конструкција со комплет ѕидарски работи и кровната конструкција со изолација беше задолжена фирмата РАПИД БИЛД. Тие нудат брза, квалитетна и современа изведба, која се должи на користење на најсовремена опрема и материјали за градба, имплементирање на светските стандарди за квалитет.

За изолацијата како една од основните потреби за квалитетно и удобно домување употребени се термо блоковите NEXE од Alfa Import.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DDS Building (@dobredojdedoma) on


Процесот на производство им дава одлични термо-изолациски својства на NEXE термо блоковите, што нуди смалена потрошувачка на топлинска енергија во текот на зимата и смалено загревање на објектите во текот на жешките летни денови. Дебелите надворешни ѕидови обезбедуваат добра звучна изолација. Од градежно-биолошко гледиште, заради тоа што се изработени од природни материјали, како глина и струготини, без никакви синтетички додатоци, минимализирана е емисијата не штетни честички и смалена потрошувачката на енергија. Изработени се во потполност на европски начин и осигуруваат здраво живеење и пријатна клима.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DDS Building (@dobredojdedoma) on


Препуштете им ја грижата за вашиот нов дом на DDS Building и изберете сигурност, квалитет и пријатно домување!




Коментари

коментари