Категории

Изберете љубов кога сите околу вас избираат омраза!

Се надевам дека избравте мир. Дури и кога војните беснеат внатре и околу вас. Кога некој се обидува да ве одведе во битка, кога чувствувате како вашиот карактер и избори се под опсада: бидете мирни. Некои луѓе имаат потреба од ваша помош за да научат како да се ослободат.

Се надевам дека ја избравте довербата. Дури и пред невистини. Кога некој ве обесчести, кога ве излажа, кога некој направи да се чувствувате мали; запомнете дека не секој ќе ги прави истите работи: имајте доверба. На некои луѓе им е потребен чекор напред кон вербата.

Се надевам дека ќе одберете трпение. Дури и кога сте обземени од непознати работи. Кога некој не може да ви одговори, кога ќе почнете да се прашувате зошто сте тука, кога едноставно сакате да се откажете: бидете трпеливи. Некои луѓе навистина вреди да се чека.

Се надевам дека ќе одберете љубов. Дури и кога би било полесно да се мрази. Кога некој го разгорува бесот во вас, кога ве навредува, кога ја доведува во прашање вашата вредност: бидете полни с љубов. Некои луѓе имаат потреба од вашата љубов повеќе од вас.

Прегледи:
40
Објавено на:
27.09.2021