Категории

Изборете се со поспаноста со помош на исхрана – Еве кои намирници помагаат полесно да се расоните

На кого не му се случило некогаш наутро да се разбуди ненаспан? И тогаш знаете дека цел ден ве чека прозевање и недостаток на енергија.

Постојат одредени намирници, но и пијалаци кои можат да ви помогнат да ја подигнете енергијата и да го поминете денот без поголеми проблеми.
Нутриционистите ги препорачуваат овие седум хранливи намирници кои ќе ви помогнат полесно да го поминете денот исполнет со обврски, без да се чувствувате поспано и слабо цело време.

1. Вода
Секако, најдобриот лек за поспаност. Водата е неопходна за мозокот, кожата, срцето и целото тело. Секогаш носете шише вода со себе и испијте неколку голтки секогаш кога ќе почувствувате поспаност.

2. Кафе и чај
Се препорачува умерена доза кофеин особено ако сте поспани. Нутриционистите посочуваат дека пиењето кафе и чај има значителни здравствени придобивки, од подобрување на работата на срцето до борба против мозочен удар.

3. Ореви и семиња
Одличен избор за одржување енергија во текот на денот. Овие намирници се полни со здрави масти, протеини и влакна кои ви се потребни за да се чувствувате енергично.

4. Овошје и зеленчук со висока содржина на целулоза
Овошјето, зеленчукот, житарките и мешунките содржат влакна кои можат да помогнат да се одржи стабилно ниво на шеќер во крвта во текот на денот. И тоа е многу важно за да се избегне пад на енергијата во текот на денот.

5. Јајца
Тие се енергетска бомба која ви помага да „станете“ кога сте поспани. Тие се богати со протеини и се одличен извор на витамин Б12, кој им помага на клетките да апсорбираат енергија.

6. Храна богата со калциум
Млечни производи, соја, сардини и зелени лисја се одличен избор кога треба да ја зголемите енергијата. Исто така, тие се богати со протеини кои го решаваат проблемот со поспаност, летаргија и пад на концентрацијата.

7. Храна богата со железо
Недостатокот на железо може да доведе до општ замор, па дури и анемија. За редовно да добивате енергија, задолжително внесете храна богата со железо во вашата исхрана, како спанаќ, леќа, црвено месо и школки.

Прегледи:
84
Објавено на:
09.08.2021