Излечете го мамурлакот со помош на овие трикови!

Главоболката, мачнината и чувството дека ве прегазил камион се казна при внесување на преголемо количество алкохол, а од тоа и зависи времетраењето кое е потребно да се отрезните. За среќа, има многу начини како да се ослободите од симптомите на мамурлак особено ако треба да се вратите на работните задачи.

ВОДА

Алкохолот е диуретик што значи дека ја отстранува водата од телото, па можна е дехидратација. Водата е најдобар избор бидејќи ќе го надомести недостатокот на течности.

 

РАСОЛНИЦА И СОК ОД КИСЕЛИ КРАСТАВИЧКИ

Расолницата е најпознатиот природен лек за мамурлак. За брзо делување се препорачува полна чаша наутро и уште една во попладневните часови. Истото важи и за сокот од кисели краставички.

БАНАНА, КИВИ И СПАНАЌ

Овие овошја се богати со калиум, важен електролит кој исчезнува како последица на диуретичкиот ефект на алкохолот.

СУПА

Кокошјата супа ќе го надомести недостатокот на натриум и вода во организмот како последица на дехидратација поради пијанство.

ТОСТ

Препечениот леб, тостот и крекерите содржат висока количина на скроб и се многу делотворни кога станува збор за жлудочните тегоби. Тие го регулираат нивото на шеќер во крвта.




Коментари

коментари