Категории

Излегоа првите лубеници – Но зошто не треба сеуште да ги јадете

Првите лубеници веќе се појавија во маркетите и продавниците, но лекарите предупредуваат на опасноста од штетните состојки кои ги содржи лубеницата.

Лубениците на почетокот на сезоната генерално содржат големо количество нитрати, или супстанции кои се користат за брзо зреење на овошјето. Оваа супстанца не е штетна во мали количини, но доколку постојано се внесува може да предизвика труење што резултира со гадење, повраќање и болки во стомакот.

“Хроничните болести може да се влошат кај луѓето кои внесуваат нитрати во големи количини, а ако веќе имаат проблеми со дигестивниот систем, може да очекуваат негативни последици. Истата ситуација со воспалителна болест на цревата”, велат експертите.

Раните лубеници не се препорачуваат за следните групи поради нитрати: деца, лица со алергиски заболувања и оние со слаб имунитет, како што се пациентите на хемотерапија.

Сепак, треба да се напомене дека не сите лубеници кои моментално се продаваат се полни со нитрати. Доколку се одгледуваат во стакленик, тогаш таму се создаваат услови за побрзо созревање отколку на „отворено“, поради што нема потреба од употреба на нитрат.

Експертите предупредуваат дека, иако не е сигурно дека сите рани лубеници ќе ја содржат оваа состојка, сепак треба да се биде внимателен.