ИЗНЕНАДУВАЊЕ! ЕМИНЕМ ГИ ШОКИРАШЕ ФАНОВИТЕ, САМО ОСУМ МЕСЕЦИ ПО ПОСЛЕДНОТО ИЗДАНИЕ!

Рaперот Маршал Метерс, познат како Еминем, на Instagram објави дека издава албум на наше изненадување!”Пробав да не размислувам премногу … Уживајте”, објави Еминем во објавувањето што ги шокираше неговите фанови, бидејќи последниот EP го објави на почетокот од оваа година.

А сега пристигна “Kamikaze”!

 

На албумот се наоѓаат 13 песни, меѓу кои е и “Venom” од истоимениот филм, кој наскоро ќе го гледаме во кината. Албумот, се разбира, го потпишува д-р Дре како продуцент.

 

@venommovie

A post shared by Marshall Mathers (@eminem) on

Еминем долго време се бореше со зависност од пилули, а на социјалните мрежи во април гордо објави дека веќе цела деценија е без штетни супстанции.




Коментари

коментари