ИЗОЛАЦИЈА – Што тука не ви е познато?

Тоа е во човековата природа – да сфати колку вреди она што го поседува, дури откако ќе му биде скратено или изгубено. Изолацијата е прашање на перспектива, баш како и слободата. И што ви е тука непознато?

Можеби до вчера сме се спротивставувале на разни ограничувања, сме се чувствувале дека никој не не разбира, дека немаме слобода да се изразиме себеси до крај и слобода да почувствуваме некои нешта на начин на кој треба вистински да бидат почувствувани.

Но кога ќе се соочиш со практичното, дневно значење на слободата – да излезеш од дома и да влезеш во превоз и да стигнеш на работа и притоа да се нервираш што има гужва и на секој семафор е црвено светло. Наместо да стравуваш дека ќе се заразиш, или дека воопшто не можеш да отидеш подалеку од првата продавница од страв дека ризикот е преголем, и да се прашуваш што ако се разболиш – не од актуелниот вирус туку од нешто друго, или како ќе стигнеш до рецептот за својата редовна терапија, тогаш перспективата за слобода малку се разбиструва.

Тоа е во човековата природа – да сфати колку вреди она што го поседува, дури откако ќе му биде скратено или изгубено. Изолацијата е прашање на перспектива, баш како и слободата. И што ви е тука непознато?

Како што слободата не е анархија, така ни изолацијата не е затвор.И слободата и кафезот се наоѓаат во погледот на светот. Кога ќе ја изгубиш и таа мала слобода за која не си ни бил свесен, одеднаш гледаш дека тоа всушност и била слобода. Но кога ќе почнеш да се однесуваш арогантно во слобода, немаш појма всушност колку ограничувања и затвори носиш внатре во себе.

Родени сме слободни и родени сме ограничени. Така е, животот е парадокс.
Добата на короната е доба на откритија. Седиш со себе, во манифестација и материјализација на кафезот од сопственото тело и сите останати спиритуалности, кои ги земаш здраво-за-готово, затоа што ти се вообичаени ии познати.
Не можеш да излезеш гола на улица, па повторно не мислиш дека поради тоа си ограничена и неслободна, затоа што никогаш не ти паѓало на памет да го направиш тоа, никогаш не си го посакувала да го направиш тоа, затоа што си убедена дека тоа го прават само оние лудаци.

Изолацијата всушност ни е многу добро позната на сите. Сите живееме со неа а не сме свесни. Изолирани сме со своите ставови и сфаќања, со нашите страовови и чувства, сите тие се наоѓаат само во нас. Животот не истренирал за вонредни состојби. Животот е всушност – вонредна состојба.
Својата слобода ја носиш со себе и на тебе останува да уживаш во неа во приватноста на твоето битие. Во него не постојат решетки, нити врати. Само треба да ги отвориш очите и да го сфатиш тоа!




Коментари

[fbcomments]