Категории

Израелски стартап прави систем за следење на мозокот на возачите

Израелскиот стартап CorrActions, воведува систем којшто ќе може да ги следи когнитивните процеси на возачот додека управува со моторното возило.

Идејата е да се користи сензор којшто е вграден во колата за да се следат мускулните активности на возачот. Тие мускулни движења ја рефлектираат активноста на мозокот и преку алгоритмите на CorrActions ќе може да се види дали возачот е уморен, дали му е одвлечено вниманието или пак дали е пијан.

Прегледи:
266
Објавено на:
24.04.2023