Категории

Извонреден трик од којшто влакненцата ќе престанат да ви растат после бричењето

Иако остранувањето на влакната со бричење е најбрзиот начин да го решите проблемот на несаканите влакна на Вашето тело, вистина е и дека можете лесно да се повредите. Освен што можете да се исечете, исто така често пати се јавуваат и поткожни влакна.

Покрај овој генијален трик објавен на “Јутуб“ каналот на познатата блогерка Џеси.Б бричењето повеќе нема да претставува проблем за жените. Таа во видеото се фокусирала на бикини зоната, а истиот трик е применлив и на сите други делови од телото на коишто ќе користите брич.

Трикот се состои од неколку чекори коишто веруваме дека нема да ви биде тешко да ги следите. Првиот чекор е задолжителен кај бикини зоната, додека кај бричењето на нозете истиот може да се прескокне.

Всушност Џеси избегнува користење на креми и пени за депилација, а наместо нив користи маслиново масло.

“Едноставно нанесете неколку капки маслиново масло на рацете и размачкајте го на деловите кои сакате да ги избричите„– вели блогерката.

Таа исто така нагласи дека маслиновото масло и ја пружа на кожата потребната хидратација и е одличен извор на антиоксиданси, витамини и есенцијални масни киселини од кои кожата ќе има бројни користи.

Извор : Точка

Прегледи:
240
Објавено на:
17.06.2018