Категории

Ја отпеа легендарната „Македонско девојче“, а денес и покрај годините е поим за елеганција! (фото)

Македонско девојче,
китка шарена,
во градина набрана
дар подарена,

Дали има н’ овој бели свет
поубаво девојче од Македонче?
Нема, нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче.

Нема Македонец чие срце не се топи на овие стихови. „Македонско девојче“ е песна на Јонче Христовски од 1964, која ја отпеа Виолета Томовска.

Оваа легендарна композиции се пее децении наназад, а пејачката што ја отпеа и покрај годините останува поим за елеганција.

Деновиве Виолета гостуваше во емисијата „Улица Македонија“. За оваа пригода таа облече црн костим, кој го надополни со бели бисери и брош цвет и едноставно блескаше.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
483
Објавено на:
12.05.2017