Категории

Ја заменив жената со помлада и сега живеам како затвореник: Мојот живот е пекол!

Овој човек зад себе има брак со сопругата со која имал семејство, но еден ден одлучил сѐ да напушти поради млада жена. Поради оваа одлука се покаал, па напишал искрено писмо во кое говори како живее сега, а кое ви го пренесуваме во целост:

„Да зборувам на оваа тема не е воопшто лесно, но тоа е непоходно. Мојата жена и јас живеевме заедно 35 години, поминавме многу заедно. Имаме прекрасни деца: синови и ќерки. Секое од нив сега има одлична работа, силни бракови – сѐ благодарение на мојата жена, која сите овие години се труди околу нив.

По пензионирањето, мојата сопруга и јас одлучивме да ја вложиме заштедата во еден бизнис и резултатот ги надмина нашите очекувања: никогаш во животот не сум видел толку пари, речиси полудев од радост.

Одеднаш станав член на „клубот на милијардери“ и мојот живот се промени. Ми се чинеше дека една жена – онаа со која живеев толку години – не е доволна…

Се преселивме во престижниот дел од градот, го променивме автомобилот. Почнав да добивам повици за важни настани, приватни приеми. Младите убавици лебдеа околу мене и сите мои нови познанства беа со помлади луѓе.

Тие убавици ми шепотеа на уво зборови од кои се топев. Се чувствував како крал на светот, трошев пари лево и десно.

И тогаш ја запознав неа – ќе ја наречеме Доли. Млада, секси, не го тргаше погледот од мене, се чинеше дека е подготвена на сѐ – и „се заљубив“. Но, таа имаше еден услов – Морав да се оженам со неа.

Мојата прва жена никогаш во животот не ме тераше да патам. Таа ме поддржуваше „во добро и зло“. Фактот дека нашите деца се возрасни, успешни и среќни луѓе во потполност е нејзина заслуга. А јас… не можам да објаснам како се случи тоа.

Бев на посета со Доли кај нејзината мајка која е исти години како мојата жена. Имаше подготвено раскошна вечера. И потоа почнаа да изнесуваат услови, рече дека се грижи за среќата на нејзината ќерка (она е исто така разведена). Таа и Доли ми дадоа три месеци да објаснам и да се разведам од својата жена, инаку никогаш повеќе нема да се видиме.

Дали ползев на коленици, ветувајќи и дека сѐ ќе се среди? Не се сеќавам.

По враќањето дома, почнав да ја обвинувам сопругата за сите можни и невозможни работи. Караница по караница – и навистина почнав жестоко да ја мразам. Дури се обидов и семејството да го свртам против неа. Листата на нејзини „гревови“ вклучуваше и претерана тежина и фанатична верба. Велев дека нејзините молитви не се ништо повеќе од магии.

Се бореше против сите мои напади, а потоа рече: „Знам за што станува збор, иди кај младата плавуѓа за која трчаш“.

Потоа сите ја нападнаа. Мојата помлада сестра, која еднаш порано мојата жена ја извлече од страшна ситуација и ја одгледа како свое дете и удри шамар. Јас само гледав.

Сопругата си замина истиот ден, поголемиот дел од работите во куќата и припаднаа неа, но ништо не зема. Децата сакаа да се замешаат, но моите аргументи и лаги ги убедија и нив.

И ги дадов парите на Доли кои нејзините лакоми вујковци ги сакаа и се чувствував како крал. Точно две недели, толку траеше фазата меден месец.

Доли беше распуштена, бездушна и ме игнорираше. Ме удираше точно под кожа. Дури немавме ни секс. Почнав да имам пореметена ерекција. Бев прилично сигурен дека има некој. Секако, беше убаво кога на некоја забава ќе се појавев со убавица. Но тоа е сѐ. Живеев во пекол. Не можев никому да признаам, но ми недостигаше поранешната жена. Нејзината љубезност.

Никој не внимаваше што јадам, па честопати се разболував. Доли не работеше, седеше дома. Ми роди дете, но дали беше мое? Но, разговорот со детето ме рзвеселуваше. Исто како и со другите деца и внуците.

Децата се оддалечија од мене. Нивната мајка – таа беше добро. Господ секогаш ги слушаше нејзините молитви и одговараше на нив. Без мене, таа изгледаше помлада и посреќна.

Доли практично ја прекина мојата комуникација со семејството. Се чувствувам како затвореник – под туш и во својот дом. Направив страшна грешка, но се плашам да ја признаам некому. Патам и се смеам. Некои работи не можам дури ни во ова писмо да ги признаам.

Дури и да беше Доли ангел, сега сфаќам дека сѐ има свое време. Залезот на сонцето дојде во мојот живот –  нема смисла да сакам да бидам со некој кој сега го преживува изгревањето на сонцето.

Со сета желба не можам да бидам како човек во врвот на пубертетот. Заборавете на вијагра. Би дал сѐ да се врати времето. Замислувам како би било прекрасно да остарам заедно со онаа жена со која сум бил во текот на младоста. Им завидувам на паровите кои доживеале тешки времиња и останале заедно во староста.

Сѐ уште не губам надеж дека ќе се смирам со мојата жена, но таа не ми дозволува ни да и се приближам. И испраќав подароци – ми ги врати. Вели дека ми простила – но не сака веќе да има нешто со мене.

Боже, помогни ми…“

Прегледи:
490
Објавено на:
05.04.2019