Категории

Ја запросувал 3 години, но морала да ја открие шифрата за да сфати.

Оваа девојка мислела дека преку љубовните писма кои и ги праќало нејзиното момче, само и ги изразува своите емоции кон неа, а всушност цело време ја запросувал…

Тимоти Чи (25) знаел дека сака да се ожени со својата сегашна сопруга Кендис Катерин веќе по една недела откако почнале да излегуваат. Веќе во втората недела по почетокот на нивната љубов, Тимоти и испратил љубовно писмо кое почнувало со буквата  “W”. На Кендис и биле потребни 3 години и уште 13 други писма за да сфати дека Тимоти всушност со првата буква од секое писмо (која секогаш била потенцирана и напишана во поголема димензија) ја запросува, бидејќи сите тие букви ја формирале реченицата “W-I-L-L Y-O-U M-A-R-R-Y M-E”, односно сакаш ли да се омажиш за мене?

„Тим и јас не живеевме далеку еден од друг, но си праќавме писма бидејќи ни се допаѓаше идејата на изјавување љубов на хартија, како би имале во иднина живи спомени на нашата љубов“, рекла Кендис. „Мене навистина е тешко да ме изненадите, а овој гест тотално ме шокираше и ме остави без зборови!“

Целото запросување било совршено, вели пресреќната Кендис: „Се разбудив на 16-ти декември 2015 година, а покрај мене се наоѓаше писмо во кое пишуваше дека треба да се облечам и да излезам кога ќе бидам подготвена. Кога ја отворив вратата, насекаде околу себе видов ружи и свеќи – срцето ми чукаше како лудо и знаев што подготвува.

Ме запроси во дневната соба со сите писма кои ми ги праќаше со години. Ги прочитавме заедно на глас и се потсетивме на сите спомени и сеќавања во текот на годините поминати заедно. Откако ги прочитавме, внимателно ги намести и побара од мене да погледнам која реченица ја создаваат сите заедно…“

Прегледи:
411
Објавено на:
03.04.2018