Јаболко за добро утро, но не и добра ноќ!

Јаболкото е овошје кое широко е рспространето и често се употребува во исхраната на луѓето. Сите ја знаат добро познатата изрека дека едно јаболко дневно може да ве скара со докторите.

Консумацијата на овој плод има голем број на здравстевни бенефити. Но, според последното истражување важно е и во кој период од денот се јаде ова овошје. Имено, јаболките се богати со диететски влакна, пектин и затоа е најдобро да се јадат во утринските часови. Тие наутро најдобро го стимулираат дигестивниот систем. Освен тоа пектинот помага во ослободувањето на токсините во телото. Но, доколку се јадат јаболки во вечерните часови тие може да ја оптеретат дигестивната функција па во текот на ноќта да дојде до надуеност и нелагодност во пределот на стомакот.

Затоа според препораките најдобро е јаболките да се јадат непосредно по будењето или помеѓу два оброка се со цел на правилен начин да се искористат придобивките кои ги нудат.




Коментари

коментари