Категории

Јајцата ве прават подобри луѓе

Врз основа на истражувањето спроведено на Институтот Лејден во Холандија, докажано е дека состојката што се наоѓа во јајцата делува на мозокот, така што ги наведуваат луѓето да бидат многу великодушни.

Истражувањето покажа дека високо ниво на триптофан, важна аминокиселина, се наоѓа во јајцата, рибата и млекото, јави Индепендент.

Оваа аминокиселина игра важна улога во производство на серотонин, кој влијае на расположението и општественото однесување.

– Првпат спроведуваме истражување за тоа колку прехранбените состојки, како на пример риба, јајца, соја и млеко, влијаат на великодушноста и откривме дека добротворните донации можат да бидат зголемени со конзумирање на суплементи кои се наоѓаат во одредена храна а кои се поврзани со серотонинот, изјавија истражувачите од Институтот за Холандија.

Во ова истражување учествувале 32 мажи и жени кои поминале многу тестови и прегледи.

Половина од нив добиле 0,8 грама прав кој содржи триптофан (околу иста количина се наоѓа и во три јајца), а втората половина прав кој го нема триптофанот.

На сите учесници им биле платени десет евра затоа што учествувале во истражувањето и им било предложено дел од тие пари да донираат на некоја хуманитарна организација.

На оние кои им бил даден прав со триптофан донирале многу повеќе од другата половина учесници.

Не е сосема јасно како оваа аминокиселина има таков ефект, но се претпоставува дека окситоцинот – т.н. хормон на среќата, има некое влијание, затоа што областите во мозокот поврзани со серотонин и окситоцин се блиску.

– Можно е дека волјата за донирање пари е предизвикана од влијанието на серотинот на нивото на окситоцинот, изјавија научниците, учесници во истражувањето.

 

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
264
Објавено на:
29.06.2017