Категории

ЈАНА МАРИНОВА, ПОЗНАТА КАКО ПРЕСЛАВА ОД ПРЕСПАВ – ВО АКЦИОНА КОМЕДИЈА ВО CINEPLEXX

“Диви и среќни“ е новиот хит филм во Бугарија што ги сруши рекордите во гледаност, а Јана Маринова е еден од продуцентите и главна улога

Актерката Јана Маринова, позната како поранешната газдарица на Преспав, Бугарката Преслава, пред македонската публика лично ќе го претстави својот нов игран филм “Диви и среќни” каде таа се јавува како продуцент и главна улога.

“Диви и среќни“ е возбудлива, акциона комедија или road movie, што рекордно ги наполни киносалите во Бугарија, со што стана еден од најгледаните филмови за 2019 година. Бугарската публика и филмска критика го опиша како ‘најзабавниот филм во последно време’ и ‘нешто сосема поинакво од типичните бугарски филмови’.

Филмот е направен за да предизвика интерес и да ја забавува публиката – акција, кул жени, автомобилски трки, од кои некои се направени на чудесно одлични локации, стилизирани костуми, музика, и сè она што го чини еден филм современ и возбудлив!

Приказната е за две жени, најдобри пријателки, што ќе посакаат авантуристичка промена во нивниот очаен живот, но настаните се редат непредвидливо, а полицијата им е “зад петици“. Главните актерки Јана Маринова и Луиз Григорова-Макариев изведуваат каскадерски акробации, скокаат од оган , возат бесни мотори и предизвикуваат судири со автомобили.

Во главните улоги се запишува и актерот Александар Сано, познат како Коса од серијата “Под Прикритие“, кој исто така пристигнува во Скопје со Маринова по повод премиерата.

“Диви и среќни“ имаше свои премиери ширум Европа. Во декември беше прикажан во Лондон, Глазгов, Единбург и Виена, а сега актерската екипа ќе биде домаќин и на скопската премиера во Cineplexx на 13 февруари, а од истиот датум премиерно ќе се прикажува и во 3D Битола.

Website: www.wildlingsmovie.com

Fb page: https://www.facebook.com/diviishtastlivimovie/

Instagram: @divi_i_shtastlivi_movie