Категории

Јапонски овошен сендвич кој го воодушеви светот: Потребни ви се само 3 состојки!

Хитот на социјалните мрежи доаѓа од Јапонија. Сендвичите се синоним за брза храна, па поради тоа и спаѓаат во најпопуларната храна на светот.

Имено, во Јапонија во центар на вниманието се најде овошниот сендвич кој се јаде за појадок или како попладневна ужинка. Тој е одлична замена за десерти, а потребни се само 3 состојки. Подготовката е брза, едноставна и што е најважно не е потребно да го печете.

Сендвичот полнет со свежо овошје и шлаг, помеѓу две кришки леб најпрво звучи како необична готвачка креација.

На кришка мек, бел леб се мачка подебел слој шлаг или фил од маскарпоне, на него се реди овошје по избор (мандарини, јагоди, бороввинки, манго, киви) па повторно се премачкува со слој шлаг и се преклопува со уште едно парче леб.

Она што е важно е да користите сезонско овошје, но и тврдо овошје за да можете да го исечете. КОга ќе се исече сендвичот се добива парче со прекрасен изглед кој го прави овој сендвич посебен и препознатлив.

Интересен е фактот што во последно време во Јапонија се отвораат голем број специјални продавници за овошни сендвичи.

Прегледи:
598
Објавено на:
20.01.2022