Чек дис аут
Search


Јапонско црешово дрво направено од 800,000 лего коцки го сруши Гинисовиот рекорд

Секоја година целиот свет се воодушевува на јапонските црешови дрвја и нивниот неверојатен розов изглед. За жал, нивните розови моменти кратко траат, па така ни останува да уживаме во направените фотографии и да ја чекаме следната пролет.

Сега има едно црешво дрво кое ќе биде розово преку целата година, бидејќи е целото направено од лего коцки. LEGOLAND Japan го сруши гинисовиот рекорд за најголемо црешово дрво направено од лего коцки, по повод едногодишното постоење на овој забавен парк.

Тешко 3.333 килограми, 4,2 метри високо и 1,5 метар широко, ова дрво кое било креирано во Чешка, а потоа транспортирано во Јапонија каде се наредени овие 881,470 коцки.

 

 




Коментари

коментари