„Јас не живеам, јас преживувам“ Меган Маркл искрено проговори за својот живот во кралската палата

Во емотивно интервју, војводката од Сасекс – Меган Маркл потполно искрено проговори за животот во кралската палата и тајните кои досега не беа познати за никого.

Сопругата на принцот Хари откри дека не им цветаат ружи како што сите мислат и дека понекогаш им е многу тешко.
„Ние не живееме, ние преживуваме. Не е лесно да се балансира и да се бориме со сето ова медиумско внимание“ – изјави таа на почетокот на интервјуто.

Интервјуто снимано за време на нејзиното кралско патување во Африка, војводката откри дека нејзиниот живот во палатата не е воопшто лесен.
„Пријателите ми велеа да не се мажам за Хари, ми рекоа дека животот може да биде погубен. Вистина е дека неколку мигови пред пораѓањето се чувствував загрозено и бев во голем страв“ – откри таа.

Меган објасни дека нејзиниот живот драстично се промени откако стана членка на британското кралско семејство иако во САД таа беше глумица и беше навикната на медиумското внимание.

„Мислам дека никој не ме разбира. Сакам да бидам среќна, се обидував да бидам ладна, да се прилагодам, но тоа беше невозможно. Кога почнав да се забавувам со Хари, пријателите беа воодушевени, а пријателите кои ги имав во Велика Британија ми рекоја дека таблоидите ќе ми го уништат животот. Не е лесно да се живее вака, кога човек се држи во себе, тоа навистина е погубно“ – додаде таа.

На прашањето како се чувствува, Меган едвај успеа да ги задржи солзите, таа одговори дека е лошо но притоа се заблагодари што некој и поставил такво прашање бидејќи во последно време малкумина ја прашувале како се осеќа. Интервјуто кое неодамна излезе во етерот ја „задрма“ Велика Британија а реакциите од кралската палата не беа многу позитивни.




Коментари

коментари