Јас сум ѝ партнер на мојата жена, а не гостин кој само спие и јаде

За него е сосема нормално да ги врши сите домашни работи. Писмото на овој маж е преполно со почит кон својата сопруга, нивните деца и домот во кој заедно живеат.

Писмото на „еден папучар“, маж кој очигледно неизмерно ја сака и почитува својата сопруга, се прошири на интернет и наиде на многу пофалби и одобрувања. Секако, како и во секоја приказна, се појавија и критичари кои сметаат дека на жената и е место во кујната.

Прочитајте го неговото писмо во целост:

„Еден мој пријател дојде кај мене на кафе, седевме и разговаравме за животот… Одам на секунда да ги измијам садовите кои останаа во садоперот, му реков. Ме погледна како да му реков дека станав да конструирам вселенски брод. Ми рече, восхитувајќи ми се, но и помалку збунет:

„Добро за тебе што и помагаш на својата жена, кога јас ќе го направам тоа, мојата жена не го цени тоа. Еден ден го избришав подот, ни благодарам.“

Се вратив и седнав до него за да му објаснам дека јас не и помагам на својата жена. „На мојата жена не и треба помош, и треба партнер.

Јас сум партнер во куќата и поради тоа партнерство се поделени задачите, но сигурно не се работи за помош во куќата. Јас не и помагам на мојата жена да ја исчисти куќата, затоа што и јас живеам тука и морам и јас да чистам. Јас не и помагам во готвењето на жена ми, затоа што и јас сакам да јадам и морам да готвам.

Јас не и помагам на својата жена да ги измие садовите по јадењето, затоа што и јас сум ги користел тие садови. Јас не и помагам на мојата жена околу децата, затоа што тоа се и мои деца, а мојата улога е да бидам татко и родител. Јас не и помагам на мојата жена да ги испегла и пружи алиштата, затоа што тоа се и мои алишта и од моите деца.

Јас не сум помош во куќата, јас сум дел од куќата.

А кога зборуваме за ценењето, го прашав кога последен пат откако завршила со чистењето на куќата, перењето алишта, откако ја променила постелнината на креветот, ги избањала децата, зготвила, организирала итн., си и рекол благодарам? Но, благодарам од типот: Жено моја! Фантастична си!

Ти се чини апсурдно? Ти изгледа чудно? А кога ти еднаш во 100 години го исчсти подот, очекуваше минимум награда за трудот? Зошто? Дали некогаш си размислил за тоа пријателе?

Можеби затоа што тоа е нејзина обврска? Можеби затоа што си навикнал сѐ да се заврши, а ти да не мораш да мрднеш со прст? Затоа, цени како што би сакал и тебе да те ценат, на ист начин и со ист интензитете.

Пружи рака, однесувај се како вистински партнер, а не како гостин кој само дошол да јаде, да спие и да се избања… Чувствувај се како да си дома во својот дом.




Коментари

[fbcomments]