Категории

„Јас сум силна и горделива жена – Неповторлива и неподнослива за многу“

Јас сум таква, силна и горделива жена. Непоправлива и неподнослива за многу. Јас сум резултат од своите напори и своето страдање, затоа што секогаш сум одбивала да бидам жртва и роб на туѓото мислење. Она што го гледате е она што сум, без лаги. Некој кој се сака себеси поради тоа што е и пред се, го сака својот живот.

Секоја жена би требала да се труди да биде јака, како психички така и физички.
Но сега сепак ќе ја занемариме физичката сила и ќе се насочиме кон внатрешните карактеристики кои ја сочинуваат силната жена.

Знае дека не може во се да биде совршена
Силните жени не се оптеретени со тоа да бидат најдобри во се, туку секогаш ќе се трудат да го дадат најдоброто од себе.

Го сака своето тело и се грижи за себеси
Не се предава но не се впушта нити во ригорозни диети, се храни квалитетно и здраво и редовно вежба.

Не се срами од своите години и не се оптеретува со нив
Годините се само број и не смета дека во нешто треба да ја ограничуваат.

Не глуми
Не се преправа дека е нешто што не е и секогаш е опуштена и своја.

Не троши време на луѓе кои не ја сакаат
Кога некој не и се допаѓа, не го крие тоа и не пушта секакви луѓе во својот живот.

Не го прави она што не и се допаѓа
Никој не може да ја наговори да оди против себе и да направи нешто што не сака. Секогаш цврсто се држи за своите ставови и уверувања.

Пристојна е
Пристојноста е доблест која силната жена успева да ја сочува во сите ситуации, а често ја кроисти и како оружје против нељубезните луѓе.

Независна е
Таа знае да се грижи сама за себе а не и е потребен никој друг за да се забавува. Секако, таа пушта и други луѓе во својот живот, но не зависи од нив.

Прегледи:
310
Објавено на:
06.12.2020