Категории

„Јас сум жена која ќе те сака со сето срце, но само ако заслужуваш“ – Писмо од жената која се крие во сите нас

Јас не сум жена која го чека следниот и скока пред првата личност која ќе и покаже дека е заинтересирана.

„Јас сум тип на жена која ќе ја сакаш, но само кога ќе бидам подготвена. Јас не сум жена која го чека следниот и скока пред првата личност која ќе и покаже дека е заинтересирана.
Јас не сум тип на жена која наоколу бара љубов, јас не сум жена која се плаши да биде сама.

Јас сум жена која сака со секој дел од своето срце кога ќе ја сретне вистинската личност. Јас сум жена која ќе се грижи за тебе, ќе те изненадува, ќе биде добра спрема тебе и ќе ти даде до знаење колку и значиш.
Јас сум жена која секогаш ќе те сака уште посилно. Сакам да ја знам твојата сила и твојата слабост. Сакам да знам кој е твојот омилен начин на кој сакаш да го помиеш неделното попладне и што сакаш да правиш кога надвор грми. Сакам да знам се за твоето детство и како минатото влијаело врз тоа каква личност си денес.
Јас сум тип на жена која сака да го знае и најмалиот детал за тебе, за да можам да го сакам секој кревок дел од тебе.
Но исто така, јас сум жена која ќе застане за себеси, секој пат. Нема да дозволам да ме малтретираш, нити да ме газиш. Знам колку вредам и сакам да се однесуваш така спрема мене.
Нема да дозволам да ми кажуваш што смеам а што не смеам да правам.
Јас сум тип на жена која не сака кога некој или нешто ја контролира или омаловажува.
Нема да ти дозволам да се обидеш да ја сокриеш мојата вистинска личност пред твоите пријатели или шефови. Јас не сум жена која ќе живее во твојата сенка. Јас не сум жена која ќе се повлече и ќе гледа како ти правиш се. Ќе бидам покрај тебе, ќе седиме рамо до рамо. Сакам да чекорам покрај тебе низ овој свет, држејќи те за дланка, секогаш.

Ќе бидам секогаш тука за тебе кога ќе стане тешко. Ќе ти бидам поддршка кога животот ќе те доведе во искушение. Јас сум тип на жена во која никогаш нема да сомневаш дали сака или не да биде на твоја страна.
Јас сум исто така жена која ќе те турка напред. Ког аќе ти помогне да станеш најдобрата верзија на себеси, да го искористиш сиот твој потенцијал. Нема да дозволам да гледаш од страна како животот ти поминува и пропушташ можности. Сакам да знаеш колку си силен, и колку си креативен. Сакам те се сакаш себеси онолку колку што те сакам јас, јас сум тип на жена која ќе те натера на нови предизвици.

Сакам да се соочиш со своите стравови, а јас ќе бидам покрај тебе сето тоа време затоа што знам како е да го гледаш стравот во очи и да чекориш кон победа.
Јас сум жена која никогаш нема да се промени за да би им угодила на другите. Јас не сум жена која ќе носи лажна насмевка кога нешто ја мачи. Јас сум жена која ќе ти го каже тоа што го мисли.
Најважното е, што јас сум жена која ќе те сака со сето срце, душа и тело, но само ако го заслужуваш тоа.

Јас сум таква жена.

Прегледи:
824
Објавено на:
10.12.2019