Јогата е лекот на 21-от век? Дознајте зошто!

Јога е, на некој начин, строго лична активност во која постепено ги отстрануваме меѓусебно поврзаните физичките и емоционалните блокади кои се појавуваат во текот на нашите животи. Ова се постигнува со свесно дишење и продлабочување на свеста.

Бидејќи не сме сите исти, ни нашите начини на живот не можат да бидат исти. Јогата е токму тоа – начин на живот, а процесот е различен за секој од нас. Праксата е субјективна и без градација – или свесно се практикува или не, не постојат нивоа.

Со балансирање на здивот и физичките движења го усогласуваме нашето тело и развиваме способност да се фокусираме на моментот. На овој начин кислородот влегува во деловите на телото, кои обично ги “задушуваме” поради несоодветно дишење или со често неправилно седење.

Јога нè учи на трпеливост, но пред се трпеливост кон себеси. Целата уметност на јогата се базира на зајакнувањето на личните слабости, чие решавање бара трпеливост. Во текот на целиот процес го зајакнуваме нашиот карактер, а како позитивен нуспроизвод добиваме здраво тело и внатрешно задоволство, она што го изгубивме поради современиот начин на живот.




Коментари

коментари