Видео: Југословенски филмови со повеќе секс од „50 нијанси сиво”

Постарите генерации родени во времето на поранешна СФРЈ, сигурно се сложуваат со констатацијата дека во времето на Југославија, снимени се филмови кои изобилуваат со вистински секс и еротски сцени.

Кинематографијата од овие простори во своите најдобри години изобилуваше со филмови од кои сега популарниот „Педесет нијанси сиво“ – би се засрамил, коментираат критичарите.

Еве неколку извадоци од познати југословенски филмови, кои и ден денес предизвикуваат внимание.

Кој тоа таму пее“ (Ko to tamo pjeva)

Славко Штимац во овој хит од 1980 година завршува сам во шумската кал со Неда Арнериќ. Тоа е сцена што ја паметат генерации.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=W9o-VLFwLOk[/tube]

Лажливо лето“ (Varljivo leto)

Повторно Славко Штимац, овојпат со Јагодинка Симоновиќ, создава сцена со која пораснаа многу генерации. Ова можеме да го наречеме вистинска класика на кулинарската школа.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=27nPJeCkuxA[/tube]

Се сеќаваш ли на Доли Бел“ (Sjećaš li se Dolly Bell)

Емир Костурица му даде шанса на Славко Штимиќ да покаже што може да направи кога ќе заврши сам на таван со Лиља Благојевиќ.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=JDr49jbItQk[/tube]

Византиско сино“ (Vizantijsko plavo)

Иако сцените не се премногу експлицитни, онаа во која Лазар Ристовски и Каја Жутиќ голи јаваат на вол покрај вода влезе во антологијата на кинематографијата.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=Ah4tSliIG1U[/tube]

Сексот – партиски непријател број 1“ (Seks – partijski neprijatelj No 1)

Пред крајот на постоењето на Југославија можел да се провлече и ваков наслов на филм, исто како и секс пред свети икони и „цицки како погачи“.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=HWLrnYjXTQw[/tube]

Уна“ (Una)

Инспирацијата на повеќето филмови се барала во забранетите врски, како на пример врската меѓу професорот и студентката. Таа млада, убава и слободна, а тој постар и женет, тоа е рецепт за филм полн со еротски набој. Раде Шербеџија и Соња Савиќ маестрално ги одиграа тие улоги во овој филм од 1984 година.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=EIQ7Ht0f9Ao[/tube]

На пат за Катанга“ (Na putu za Katangu)

Приказна за капиталистичките соништа на синот на рударот, со која Мирјана Карановиќ како пејачката Зана дошета во фантазијата на машката популација.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=hGV1MlRxUTo[/tube]

Чудо невидено“ (Čudo neviđeno)

Сцената во која раскошната Савина Гершак се капи во езерото на многумина им ја разгоре фантазијата.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=hp4destoWcA[/tube]

Убавината на порокот“ (Ljepota poroka)

Иако најпознатата сцена е „да ме види милата ми мајка“, по еротичност не заостанува ни онаа сцена каде што Мира Фурлан се капе со туристите.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=3lB-9NDxTAE[/tube]

ВР- Мистерии на организмот“ (WR – Misterije organizma)

Овој филм предизвика многу контроверзии бидејќи е сниман во турбулентните шеесетти години. Филмот ја смени историјата, посебно со сцените со секс.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=HReO4WfrpCI[/tube]




Коментари

коментари