Категории

Каде изгледаме пореално – Во огледало или на фотографија?

Несомнено, многумина од нас се пронашле во ситуација да се погледнат во огледало и да сфатат дека воопшто не изгледаат како на фотографиите. Се поставува прашањето – Дали камерата драстично ја филтрира сликата? Или можеби треба да го обвиниме огледалото?

Што е поблиску до нашиот вистински изглед, одразот или фотографијата? И зошто често го доживуваме својот израз во огледало и на фотографија на различни начини?

Психолошкиот аспект игра доста важна улога во тоа. Најчесто во огледало се гледаме кога сме дома, средината во која се чувствуваме најслободно и најопуштено. Што се однесува до фотографијата, често завршуваме во кадар додека сме на „непознат терен“ а тоа значи дека природно, изгледаме понапнато и неподготвено.

Баш поради тоа, понекогаш кога ќе фрлиме поглед во огледало пред да одиме на забава, видиме неодоливо згодна личност. Меѓутоа, следниот ден гледајќи се себеси на сликите од журката, брзо забележуваме дека сме биле баш спротивни од тоа.

Не смее да се занемари нити аголот на набљудување. Едноставен факт е дека лицата не ни се симетрични. Ова е апсолутно точно за секого – за некого повеќе, за некого помалце. Тоа може да биде причина за сета забуна. Секое утро, додека се гледаме во огледало, стоиме на исто место посматрајќи се себеси од позната перспектива.

Како резултат на тоа ние се навикнуваме да го посматраме своето лице од еден одреден агол. Сепак, кога се фотографиите во прашање, не добиваме секогаш претходно предупредување за тоа како, кога и од кој смер фотографијата ќе биде сликана.

Важен е и фактот дека секој вид на осветлување има своја температура. Меѓутоа, кога ќе се погледнеме во огледало ние не ја гледаме разликата во температурата. Ова е поради тоа што нашиот мозок автоматски ги изедначува разликите и ни го прикажува тенот на кој сме навикнати.

Од друга страна, фотографијата го бележи осветлувањето онакво какво што е со сите промени и разлики во температурата.

Фотографиите даваат објективна информација за нашиот изглед. Дури и ако не изгледате најдобро баш на сите слики, тоа никако не е причина за очајување. Можеби сте сликани во лош миг, или сте биле под преголем стрес или едноставни не сте имале време да го вовлечете стомакот.

Прегледи:
289
Објавено на:
04.11.2020