Каде ќе се одржи венчавката на Џорџ Клуни? Езерото Комо е локацијата од бајките

Светот беше изненаден кога пред неколку месеци се прошири веста за веридбата на Џорџ Клуни и прекрасната британската адвокатка Амал Аламудин.

Сега нивната свадба е една од најочекуваните настани годинва, а прашањата се безбројни. Каде ќе се одржи, кога, кој ќе присуствува? Главната информација е дека ќе се одржи на омиленото место на Клуни, Вилата Олеандра на Езерото Комо, овој септември.

Актерот ја обожава Италија, тоа беше и причината што тој ја купи Олеандра во 2002 година, а скоро поднесе барање да се донесе закон за забрана на движење околу вилата, на копно и вода. Дали се тоа подготовки за венчавката?

Езерото Комо е идилично и романтично, вилата има изолиран базен на неколку метри од езерото и e локација за венчавка од бајките.




Коментари

коментари