Каде можете да избегате од летните горештини заедно со своите деца?

Летото во Скопје најчесто е многу топло и понекогаш е напорно да се издржи. Доколку се уште е рано за вашиот годишен одмор со семејството и разладувањето на некоја егзотична дестинација, во нашиот град има место кое ќе ве сокрие од летното сонце и ќе ви ги разубави топлите денови.

Astera Lounge Bar & Kids Club ви нуди се што ви е потребно за да се разладите и да уживате во омилениот пијалак или оброк. Покрај одличното мени во кое ќе ги најдете омиленото јадење, пријатната атмосфера, комфорот кој го нуди и детското катче ќе ве задржат и ќе ве натераат да дојдете повторно.


Отсега не мора да се грижите и постојано да го менувате локалот поради несоодветните услови за децата, бидејќи во Астера тие се повеќе од добредојдени во детското катче кое е соодветно адаптирано и ги има сите потребни услови децата да бидат комплетно анимирани додека вие го пиете вашето утринско кафе или го јадете омилениот оброк.

Игротеката е бесплатна и е претворена во вистинско царство за децата, а додека тие се забавуваат вие ја следите нивната игра преку видео надзорот на екраните пред вас. Астера исто така нуди и одлична роденденска понуда, комплетно бесплатна игротека за детски родендени, за многу детски насмевки.

Отсега и најжешките летни денови во Скопје можат да бидат пријатни. Почувствувајте ги сите благодети и уживајте во услугите на Astera Lounge Bar & Kids Club заедно со целото семејство.




Коментари

коментари