Каде се крие оној вистинскиот? 3 причини зошто сте сингл!

Веќе сигурно сте прочитале неколку книги од врвни стручњаци во областа на љубовта, но среќата сѐ уште не ви се насмевнала. Вистинскиот го нема на видик.

Едни ви велат дека премалку се трудите, а други дека се ангажирате премногу и ја трошите енергијата залудно. Сепак, главниот проблем поради кој немате среќа со мажите лежи во овие три причини:

Мажите првенствено ги гледате како сексуални објекти

Иако сексот е важен, не е најважен. Наместо по прекраткото познавање да му ги откриете своите вештини во креветот, обидете се најпрво да се запознаете и да дознаете дали постои помеѓу вас емоционална поврзаност која сепак е основа на секој однос.

Несигурни сте 

Можеби мислите дека зрачите со самодоверба, но понекогаш некои постапки може кај другата личност да создадат една сосема друга слика за вас. Ако започнете уште на првиот состанок да го озборувате пранешното момче, да ги навредувате другите жени истакнувајќи ги нивните недостатоци, истовремено се навредувате себеси и својата интелигенција оставајќи впечаток на личност која на сите луѓе гледа како на конкуренција и не е сигурна во сопствените способности.

Не ги препознавате сигналите кои ви ги испраќа

Во вашата глава е создадена мисла за идилична врска и одлучни сте да ја остварите таа замисла по секоја цена. Токму тоа е причината која ве заслепува да се насочите само кон една точка, игнорирајќи ги сигналите кои ви ги испраќаат мажите. Насочете се кон запознавањето на луѓето и не губете време таму каде што очигледно не постои надеж.




Коментари

коментари