Категории

Кафиња кои ќе ве стоплат за време на зимскиот период

За време на зимскиот период, многу луѓе чувствуваат погладно и однатре нешто ги тера да се снабдиме со повеќе калории.

За да ги задоволите потребите, погледнете ја листата од богати, вкусни рецепти за кафиња кои се едноставни за подготовка.

Црно кафе со цимет

Потребни состојки за подготовка на кафето:

Свежо подготвено црно кафе

Стапче цимет

По желба, шеќер и шлаг пена

Начин на подготовка:

Ставете го стапчето цимет во ѓезвето додека го подготвувате кафето. Оставете го да отстои 10-тина минути, со цел да го впие вкусот на циметот. Сипете во омилената шолја, по желба додајте шеќер и шлаг пена и уживајте во богатиот вкус.

Макијато со лешници

За љубителите на силно кафе, макијато со лешници е одличен избор за вас.

Потребни состојки за подготовка:

Свежо подготвено еспресо

Млечна пена

Сируп од лешници

Начин на подготовка:

На веќе подготвено макијато, додајте една лажица сируп од лешници и добро измешајте. За викендите, слободно искористете и ликер од лешници. Вкусот ќе биде незаборавен.

Лате карамела

За љубителите на кафе со посладок вкус, пробатего  овој рецепт со карамела.

Потребни состојки за подготовка:

Свежо подготвено еспресо

Млечна пена

Карамела

Начин на подготовка:

Подгответе го еспресото на вообичаениот начин, а потоа сипете една лажица карамела. Препуштете се на благиот вкус што ќе ве загрее однатре.

Прегледи:
370
Објавено на:
29.12.2017