Категории

Кајли Џенер има ќерка! Објави видео од целата бременост (ВИДЕО)

Кајли Џенер објави 11 минутно видео кое започнува со нејзиното раѓање, а потоа има видео записи од различни периоди од нејзината бременост, нејзините пријатели и семејството. 

Видеото насловено „На нашата ќерка“ содржи пораки до ќерката на Кајли и 25-годишниот рапер Травис Скот. Кајли која постојано беше во очите на јавноста и целиот нејзин живот беше на социјалните мрежи, решила бременоста да ја помине максимално приватно и беше комплетно чувана во тајност.

Видеото завршува со Кајли како ја држи малата во прегратка и со информацијата дека е родена на 1-ви февруари.

„Разбирам дека сте навикнати јас да ве водам низ сите мои патувања, но мојата бременост беше едно патување кое избрав да не го правам пред светот. Знаев дека треба да се подготвам за оваа животна улога на начин кој е позитивен, здрав и без стрес“ – напиша Кајли, заблагодарувајќи им се на фановите за разбирањето.

„Бременоста беше најубавото, најмоќното искуство кое ти го менува животот и всушност ќе ми недостига. Ги ценам моите пријатели и целото семејство кои ми помогнаа да го чувам овој специјален момент колку што е можно повеќе приватен. Мојата убава и здрава ќеркичка пристигна на 1-ви февруари и едвај чекав да го споделам овој благослов“ – дополни таа.

На видеото можеме да ја видиме и ќерката на Ким и Канје, Чикаго, како Кајли ја запознава најмалата внука.

 

 

Прегледи:
342
Објавено на:
05.02.2018