Кајсиите се ваш сојузник во зачувување на здравјето

Сезоната на кајсии е во полн ек. А, тие освен што се извонредно вкусни, имаат многу позитивни ефекти врз здравјето на луѓето.

Кајсиите го чуваат здравјето на срцето. Содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје. Доколку не сте љубител на свежите кајсии, можете да ги конзумирате и суви, но под услов да немате зголемено ниво на шеќер и холестерол во крвта. Сувите кајсии се богати со калиум-карбонат, а тој има позитивно дејство при аритмии.

Освен со магнезиум, кајсиите се богати и со фосфор, а тој ја подобрува функцијата на мозокот. Магнезиумот и фосфорот во комбинација го нормализираат крвниот притисок.

Кајсиите го зголемуваат имунитетот, а исто така им даваат цврстина на забите и коските.
Тие имаат високо ниво на железо, па затоа се препорачуваат при анемија.
Кајсијата изобилува со влакна и е нискокалорична. Содржи витамин А, Б2, Б3 и Ц.
Нејзината висока концентрација на витамин А ја прави најдобар сојузник во зачувувањето на видот.




Коментари

[fbcomments]