Категории

Какао – Една шолја дневно од овој лековит и вкусен напиток треба да ви стане навика

Не се работи само за вкусен напиток, туку и за лек кој би требало да го консумирате секој ден

Поради изобилството со флавоноиди, какаото влијае позитивно врз еластичноста на артериите и вените. Жените кои три месеци, секој ден пиеа шолја какао, добија понежна кожа, позатегната и поотпорна на изгореници.

Истражувањата потврдуваат дека какаото го поттикнува мозокот да создава ендорфин, кој доведува до опуштање, отстранување на стресот и болките. Го стимулира лачењето на допамин и серотонин кој го подигнува нивото на расположение. Во ова се крие одговорот зошто депресивните луѓе почесто јадат чоколада во огромна количина.

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажа дека какаото штити од срцеви болести и мозочен удар. Дневна шолја од овој напиток спречува настанување на тромп, односно крвно згрутчување кое доколку стигне до срцето и мозокот, може да предизвика инфаркт.

Прегледи:
1229
Објавено на:
25.03.2020