Како божица: Џенифер Лопез во фустан кој подобро и прилега неа одколку на манекенката

Кога овој фустан беше преставен оваа есен за прв пат на модната писта, за време на прикажување на колекцијата пролет/лето 2020 година од славниот либански дизајнер Ели Сааб, немаше овации, но имаше големи овации кога Џенифер Лопез прошета по црвениот тепих во овој модел.

На доделувањето на наградите на Film Critics Association, една од ѕвездите на вечерта беше латино дивата, која се врати во големиот свет по две децении со насловот Хустерс.

50-годишната ѕвезда им се придружи на останатите гости на црвениот тепих и предизвика големи овации благодарение на нејзиниот изглед.

Макси фустанот во светло сина боја, се издвојуваше по својот во исто време гламурозен изглед за којбеше одговорна свилата и сексипилниот впечаток – за што беше одговорно длабоко деколте.

За тренд деталбеа заслужни ракавите со волуменска форма, додека силуетата се истакнуваше благодарение на ременот.

Благодарение на бујната биста и ласкавата фигура, Ј.Ло го прикажа овој фустан на многу заводлив начин, отколку што тоа го направи моделот кој  го прошета на модната писта за време на официјалното претставување на колекцијата.




Коментари

[fbcomments]