Категории

Како божица: Џенифер Лопез во гламурозна тоалета го остави светот без здив

Никој не може да носи ваков фустан подобро од Џеј Ло

Кога за прв пат беше претставена оваа тоалета од колекцијата пролет/лето 2020 на модната писта на прочуениот либански дизајнер Elie Saab, не доби премногу овации, но за време на доделувањето на филмските награди во Лос Анџелес, благодарение на Џенифер Лопез таа стана една од најпопуларните тоалети во моментот.

50 годишната ѕвезда пристигна на црвениот тепих и ги маѓепса присутните со својата појава. Небесно сината тоалета изгледаше совршено на нејзиното витко извајано тело а она што привлече најмногу внимание беше нејзиното совршено деколте.

Џеј Ло ја искомбинира оваа толаета со нејзината препознатлива фризура – висока пунџа, беспрекорна шминка во сини тонови и нежен дијамантски накит.

Прегледи:
537
Објавено на:
19.01.2020