Категории

Како да декорирате според вашиот астролошки знак

Нашите астролошки знаци кажуваат доста за нашата личност, а испаѓа и дека кажуваат доста за начинот на кој декорираме. Љубопитни сте кој знак е најуреден, а кој е најголем боем во душа? Кои бои се најпривлечни за вашиот знак? Продолжете да читате за да ги откриете астролошките влијанија над вашиот стил за декор, па раскажете дали се пронајдовте.

астролошки знаци

астролошки знаци

Јарците се дисциплинирани, приземни личности кои ги привлекуваат минималистички ентериери со земјени тонови како сива и зелена. Нивната семејство – ориентирана природата ги турка кон удобни простори со чувство на традиција, па нивните минималистички тенденции никогаш не се сосема строги. Јарците сакаат да прикажуваат предмети кои ги рефлектираат нивните интереси, било да се тоа графики, убави книги за на маса, или добро опремен бар.

астролошки знаци

астролошки знаци

Водолиите ги привлекуваат најсовремени дизајни и high-tech гаџети кои им го олеснуваат животот. Нивната естетика е често монохроматска и обожуваат светлина. Тие ценат добро дизајнирани скулпторски дела и најдобро се чувствуваат во отворени простори преплавени со природна светлина.

астролошки знаци

астролошки знаци

Рибите се боеми во душа, и тоа се рефлектира во нивниот ентериер.  Сакаат разновидност во ентериерот и  уметност која го инспирира нивниот дух. Рибите уживаат во простории кои се медитативни, па миризливи свеќи и прозорци што се отвораат кон природата се за нив се круцијални.

астролошки знаци

астролошки знаци

Овените имаат огнена личност и сакаат бои како црвена и портокалова. Нивната претприемачка и динамична личност ги привлекува кон спектакуларни кујни, каде што тие можат да ги покажат своите напредни готвачки вештини. Нивната спонтана персона често ги води кон акумулирање на неред, но тие би сакале да бидат подобро организирани.

астролошки знаци

астролошки знаци

Бикот има сензуална личност со наклонетост за забава, романса, и уметност. Тие вреднуваат луксузни, удобни и традиционални парчиња, дали се тоа антички комоди или меко крзно. Нивната љубов кон музиката често ги тера да инвестираат во систем за забава или пијано.

астролошки знаци

астролошки знаци

Социјални и живи, близнаците сакаат да се забавуваат. Нивните домови често вклучуваат големи простори опремени на начин кој поттикнува разговор и поголеми вечерни забави. Својствeно за нивниот знак е да прикажуваат предмети во парови. Имаат склоност кон чисти и модерни линии,  но нивниот простор е секогаш жив.

астролошки знаци

астролошки знаци

Раковите се сентиментални битија кои го сакаат домот. Нив повеќе ги привлекуваат мирни простории отколку декорирани, и предмети со ‘приказна’ зад нив.  Поради ова, во своите домови имаат тенденција да вклучат многу семејни богатства и лични фотографии.  Нивниот простор е секогаш топол, пријатен, гостопримлив, а кул сребреникави бои им се омилени.

астролошки знаци

астролошки знаци

Лавовите се театрални забавувачи во срцето. Затоа што и тие, исто така, по природа се ориентирани кон семејството, секогаш се подготвени да бидат домаќини на големи групи и да приготвуваат богати вечерни забави. Лавовите низ домот гордо ги прикажуваат своите колекции и сувенири од патувањата , но секогаш на елегантен и префинет начин.

астролошки знаци

астролошки знаци

Девиците се екстремно организирани и минималистички суштества.   Имаат аверзија на неред.  Нивниот декор е тестамент на нивната практична природа, што значи, не само што се секогаш уредни, туку на нив можеш да сметаш во секој момент да пречекаат без најава.

астролошки знаци

астролошки знаци

Вагите имаат вкус за квалитетна изработка и одличен дизајн.  Не се двоумат за купување на  парчиња кои тие ги сакаат.  Нивната хармонична природа гарантира дека просторот е секогаш добро избалансиран, организиран и безвременски елегантен.  Вагите преферираат суптилни и студени палети на бои, во големи и светли отворени простори.

астролошки знаци

астролошки знаци

Шкорпиите се приватни и мистериозни суштества и нив ги привлекуваат драматични простории.  Домовите налик на будоари им се најчесто прекриени со луксузен текстил како кадифе и мермер.  Домот го гледаат како засолниште од надворешниот свет,  каде што може да ја развиваат својата страст.

астролошки знаци

астролошки знаци

Стрелецот има авантуристичка природа, па нивните простори се често организирани со туристички богатства и егзотични елементи. Нивниот стил е еклектичен и едноставен, но секогаш удобен.  Тие сакаат да забавуваат, и за разлика од другите знаци , тоа го чинат на ненападен начин.

Оваа статија е преземена од Interior.mk -магазин кој се фокусира на трендови од областа на дизајнот, животниот стил и инспирација за уредување на Вашиот дом.

Прегледи:
493
Објавено на:
23.02.2016