Категории

Како да го добиете одговорот на секое прашање кое ве мачи

Во моментите кога се занимавате со одреден проблем кој ве мачи, обидете се да добиете одговор поврзувајќи се со вашето внатрешно битие. Еве како:

Најдете мирно место. Ставете ја десната рака на срцето, а левата над неа, така што палците лесно се допираат. Одвојте неколку моменти и седнете исправено, држете ги рацете во споменатата положба и дишете длабоко пет до десет минути. Ќе ја почувствувате сржта на вашето битие.

Не дозволувајте да допрат до вас мислите со кои наскоро ќе треба да се соочите. Само останете во таа состојба на тишина. Најдете го централното јадро на вашето битие, срцето, и останете во овој мир на целосна чистота пет до десет минути. Ова е многу важен момент бидејќи под влијание на страв, нерамнотежа, под стрес сигурно не можете да донесувате одлуки. Треба да влезете во просторот на мирот каде што ќе најдете јасност, а тоа е местото каде што започнува вашата радост, помагајќи ви да ги откриете одговорите на вашите внатрешни прашања.

Формулирајте го вашето прашање, она што ве мачи во моментот. Почнете да си поставувате прашање и формулирајте го внимателно, што е можно појасно. Ако не е доволно јасно, продолжете да прашувате. Кога гласно поставувате прашање, третирајте се како да разговарате со најдобар пријател. Кажете го прашањето и слушајте го вашиот глас додека зборувате, бидејќи ќе почувствувате дека одговорот веќе се формира во самото прашање. Одговорот ќе се најде во твоето срце додека го поставуваш прашањето.

Прегледи:
148
Објавено на:
25.01.2022