Категории

Како да го исчистите домот од негативна енергија?

Домот не е само место наменет за секојдневни работи како одмарање, готвење, гледање ТВ, туку тоа е и место на кое го креираме својот живот, навиките и мислите за секој ден што е пред нас. Она што е многу важно е во домот да се чувствуваме удобно и топло, секогаш да владее позитивна енергија, а за тоа треба да следиме неколку правила и ритуали што ќе ни помогнат да ја одржиме хармонијата, пишува journal.hr.

kako-da-go-ischistite-domot-od-negativna-energija-213712

Решете се од старите и непотребни работи

Првиот чекор во чистењето на домот е исфрлувањето на непотребните работи и средувањето на нередот, додека вториот чекор се однесува на енергетското чистење со што се собираат сите остатоци од негативната енергија, емоциите, настаните, лошите мисли и стресот. Имајте на ум дека она што се случува во просторот во кој живеете на некој начин се „впива“ во ѕидовите, мебелот, предметите…Понекогаш, едноставно можете да ја почувствувате негативната енергија во својот простор. Ако се чувствувате исцрпено или тешко наоѓате некои од потребните работи дома, тоа се некои од знаците што ви кажуваат дека е време за пролетно чистење на вашиот дом.

Следете ги Фенг шуи техниките при уредувањето на домот

Концепцијата на чистина во филозофијата на Фенг шуи подразбира и генерално средување: сортирање на работите така што сѐ ќе си најде свое место, ослободување од непотребните работи и сѐ што не е во функција, она што не ви се допаѓа и не го користите повеќе.

Пуштете музика

Еден од начините да го исчистите домот од негативна енергија е гласно да пуштите музика. Според традиционалните кинески верувања, вревата може да „избрка“ одредени негативни енергии. Позитивната духовна музика со својот ритам и силните пораки влијае на тој начин што негативната енергија се намалува и на крајот целосно ја снемува. Таквата музика е добра не само за вашиот простор, туку и за душата бидејќи буди позитивни мисли и емоции.

Исчистете го екстериерот 

Следниот чекор во ослободувањето од негативната енергија во домот е грижата за вашата градина или тераса. Ова е совршено време да ја украсите со цвеќиња во различни бои и да направите мал рај во кој ќе уживате со чаша вино, разговор со пријателите или вечера.

1 2

Прегледи:
497
Објавено на:
02.05.2016