Категории

КАКО ДА ГО ИСЧИСТИТЕ ЦЕЛИОТ ДОМ СО ПОМОШ НА СОЛ?

Дамките од кафе ќе ги отстранете на следниот начин:

Без оглед дали станува збор за морска или обична, кујнска сол, можете да ја искористите на многу начини.

Ова се само 12 примери за употреба на солта во чистењето на вашиот дом:

1. Исчистете ги металните предмети со мешавина од сол, брашно и оцет во ист однос.

2. На дамките на тепихот истурете сол. Почекајте неколку минути, па исчистете  со правосмукалка.

3. За полесно да ја отстраните загорената храна од тавчето, веднаш по користењето истурете сол.

4. Дамките од кафе ќе ги отстранете на следниот начин: врз сунѓерот ставете поголм слој сол, па силно тријте.

5. Ако сакате да го исчистите бокалот за греење вода, наполнете го со вода и додајте 4 лажици сол. Оставете водата да зоврие па исплакнете.

6. Исчистете ја пеглата на следниот начин: на стар пешкир ставете сол, а потоа со жешка пегла неколку пати поминете преку неа.

7. Исчистете ги сунѓерите од бактерии така што ќе ги потопите во зовриена, солена вода.

8. Ако цвеќето ви стоело предолго во вазната можно е да останат дамки и непријатен мирис. Ослободете се од нив со помош на сол, а потоа исплакнете со млака вода.

9. За да се ослободите од мравките истурете сол околу прозорците и вратите.

10. Направете супер ефикасно средство за чистење на подовите така што во кофа полна вода ќе додадете 1 шолја сол.

11. За да ја задржат својата боја подолго темните пешкири и фармерките, истурете лажица сол во машината за перење.

12. Исчистете ја прашината од пластичното цвеќе така што ќе го ставите во кеса со сол и добро ќе ја протресете.

Извор : Попара.мк

Прегледи:
374
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
27.10.2017