Како да го изберете вистинскиот модел на костум?

Костумите се вратија во женската мода, а ние ќе ви претставуваме неколку клучни совети како да изберете совршен костум кој ќе одговара на вашиот стил и фигура.

Костумите во живописни бои и машки крој се особено популарни оваа есен, но ако тој модел не ви одговара, можете да одберете струкирано сако или длабоки панталони кои беспрекорно ќе ви ја истакнат фигурата.

Најдобар е костумот скроен по мерка

Ако ви е тешко да пронајдете костум што одговара на вашата големина и структура на телото, решение ќе најдете кај кројач кој ќе ви скрои нов или ќе преобликува костум што сте го купиле.

Самодовербата е клучна

Многу жени признаваат дека го сакаат овој стил, но честопати се плашат дека ќе изгледаат неоригинално и не доволно женствено. Ако ви се допаѓа овој тренд, носете го со крената глава и со целосна самодоверба затоа што ќе изгледате оригинално, секси и шик, бидејќи тоа е крој што и дава на секоја жена доза самодоверба и сила!




Коментари

коментари