Категории

КАКО ДА ГО НАТЕРАТЕ ДА ВИ СЕ ОТВОРИ?

Ако сакате да имате повеќе емоционална интимност во врската, мора да почнете од себеси. Направете ја промената која сакате да ја видите и кај другиот со тоа што ќе се прифатите онакви какви што сте.

Мажите мора да ја заштитат нивната чест и/или его затоа што, за волја на вистината, тие не се толку силни како што сите мислат. Повеќето мажи сметаат дека жените се многу критични, па зошто би му се отвориле некому кој веројатно остро ќе им суди? Затоа, за да ви се отвори маж, мора да станете негов најдобар пријател. А какви се пријателите? На пријателите може да им се каже сè, а тие нема да ве осудат. Мажите се плашат да им се отворат на жените токму поради ова.

Најважните работи кои мора да ги знаете за да ви се отвори

Ако сакате вашето момче или сопруг да ви се отвори и да ги сподели неговите чувства, мора да го уверите дека нема да го судите или исмевате. Тогаш следува прашањето: Можете ли да се соочите со ова? Можете ли да се соочите со вистината? Ако сакате да имате емотивна интимност во врската, ќе мора да научите. Мажите не сакаат да се отвораат затоа што попрво би умреле, отколку да бидат исмевани.

Добар совет за почеток е да се сложите со него за нешто неочекувано. Секој хетеросексуален маж визуелно го привлекуваат други жени – за ова можете да ја обвините еволуцијата. Но, ова никогаш нема да ви го признае затоа што не сака да станете љубоморни или нервозни. Па, следниот пат кога ќе бидите згодна русокоса, прокоментирајте: „Уау, баш е секси!“ и скршете го мразот. Ако се загледа во друга девојка не значи дека би ве изневерил, само е така „програмиран“.

Следете ги следниве едноставни чекори за побрзо да стигнете до целта:

Потсетете се дека ова е човекот во кој сте вљубени

Сите ние сме живи суштества кои трагаат по безусловна љубов. Истото важи и за вашиот дечко или сопруг, и за вас самите. Па, дури и кога сте малку критични кон него, тоа не сте вистинските вие, а последицата е тоа што тој уште толку ќе се затвори во себе. Не заборавајте кои сте! Бидете својата вистинска, автентична, најдобра верзија од себе која сè што сака е љубов.

Кажете му дека не е одговорен за вашата среќа или несреќа

Поентата е да бидете среќни со или без вашиот партнер. Стасајте дотаму. Не го обвинувајте ако не ги исполни вашите очекувања. Клучот за длабока и интимна врска полна со љубов е да му дадете до знаење дека не е одговорен за вашата среќа или несреќа, за вашите подеми или падови. Ако навистина успеете да го направите ова, тој ќе се отвори многу полесно.

8871_030216151857755_585x390

Кажете му дека го сакате безусловно

Слободно споделувајте ги своите чувства. Но, кажете му го ова само ако навистина го мислите. Ако не сте го сакале целосно во минатото, можеби ќе му треба малку време за да сфати дека работите се смениле и сега сте сериозни за вашата врска. Не очекувајте ништо за возврат. Тоа значи безусловно!

Споделете нешто интимно први

Ако досега често сте го критикувале, нека помине малку време пред да го направите овој чекор. Нека интуицијата ви каже кога е вистинското време. Споделете нешто интимно за себе и за вашиот живот.

Успехот на многу тајни општества е тоа што нивните членови ги споделуваат своите тајни меѓусебно, и кога сите знаат сè за другите, се создава силна врска. Бидете првата која што ќе сподели нешто за себе, за тој да биде повеќе сигурен да го направи истото.

8871_030216151857903_1688x1125

Поставувајте отворени прашања

Ова значи да не поставувате прашања на коишто може да се одговори со еден збор – „да“ или „не“. Бидете креативни и поставувајте му интригантни прашања, како, „Ако ги имаш сите пари на светот, што би правел во моментов?“ Поставувајте му прашања за да ги открие неговите длабоки мисли и чувства.

Никогаш не го судете

Лесно е да се каже, потешко е да се направи, но е многу важно! Ако тој се отвори и ви каже некој интересен детал од неговото минато, мора да се воздржите од негативни забелешки. 

Ако сакате неверојатно блиска и интимна врска, мора да сфатите дека можеби има некои работи кои претходно ги криел од вас. Причина поради која што можеби го правел ова е стравот од одбивање. Тука мора да се вратите на еден од претходните чекори, а тоа е безусловната љубов.

Имате избор. Ако го натерате да ви се отвори, а потоа го критикувате затоа што криел работи од вас, ќе до затворите засекогаш и нема да ви верува повеќе.

8871_030216151858026_1600x1066

Ослободете се од минатото

Не сите мажи сакаат да зборуваат за нивните претходни врски. Минатото е минато и треба и таму да остане. Ако се мешате во неговото минато, има две можни сценарија:

  • Ќе ви каже дека неговата претходна врска била ужасна, а со тоа ќе отвори проблем кој ќе го влоши расположението и на двајцата.
  • Ќе ви каже дека неговата претходна врска била одлична и можеби ќе станете љубоморни.

Навистина нема потреба да се зборува за претходните врски. Не мора да се дискутира зошто не функционирале или зошто завршиле. Сега е со вас, и сите претходни врски го донеле тука. Мора да бидете посебни затоа што сега, тој ве избрал вас.

Заклучокот на сето ова е дека ако сакате вашиот дечко или сопруг да биде поинтимен со вас, најпрво мора да ги поставите темелите на доверба, отвореност и безусловна љубов. А за да го направите ова, мора да се сакате и да се прифатите себеси и да го сакате него.

Прегледи:
280
Категории:
Занимливости
Објавено на:
04.02.2016