Како да го победите стравот од осаменоста?

Постојат луѓе кои, на самата помисла да бидат сами, чувствуваат страв кој постојано ги тера да бараат контакт со другите луѓе, што може да биде реален проблем во нивното функционирање. Некои луѓе многу работат за да избегнат да бидат сами. Се плашат од осаменоста речиси фобично.

Стравот од осаменоста може да се поврзе со загубата на блиските личности. Во овој случај на  луѓето им е потребно време да се прилагодат на новата ситуација, но стравот од осаменоста може да се појави и во многу други ситуации. Причините се често ирационални, на пример:

– Личности кои веруваат дека се болни можат да почувствуваат силен страв од осаменост, бидејќи никој нема да им помогне доколку се случи нешто лошо;

– Малите деца кои се плашат од чудовишта ако останат сами (што е нормална развојна фаза);

– Личности кои се парализирани од анксиозност и кои веруваат дека не се способни за самостоен живот;

– Личности кои веруваат дека не заслужиле да бидат со другите луѓе, бидејќи не се доволно добри или интересни, поради што се повлекуваат, а во исто време се плашат од осаменост;

– Личности кои веруваат дека ќе останат сами во живот и се согласуваат на партнерски однос, кој не им одоговара, што може да се поврзе со афирмација: не вредам ако не сум во врска со некој.

Како можеме да си помогнеме?

Кога личноста ќе почувствува страв од осаменост, може да си ја олесни ситуацијата на повеќе начини:

– Зборување со блиска личност за стравот;
– Занимвавање со хоби;
– Гледање добар филм;
-Читање книга;
– Одење на прошетка.




Коментари

коментари