Категории

Како да го подобрите вашиот однос со партнерот

Секој однос помеѓу двајца партнери поминува низ добри но и лоши моменти.

Кога ќе почувствувате дека вашата врска почнува да попушта не се откажувајте туку борете се да ја подобрите. Силните врски и бракови не се случајни.

Во продолжение прочитајте неколку совети за тоа како треба да реагирате кога е тешко…

1. Покажете му на партнерот дека го почитувате

Немојте да го земате здраво за готово. Покажете дека сте благодарна за секоја помош која тој ви ја нуди за животот да ви биде поубав и полесен.

2. Фантазирајте заедно

Исто онака како што го правевте тоа на почетокот. Разговарајте и испитувајте ги новите можности за иднината. Правете планови и меѓусебно подржувајте се.

3. Вашиот однос нека ви биде приоритет

Ако вложувате во врската ќе има резултати. Затоа нека биде на високо место на листата со приоритети.

4. Прифатете го фактот дека во секоја врска има разочарувања

Кога очекувањата не се поклопуваат со реалноста се појавува разочарувањето.

Она што не треба да го правите е да се фокусирате на лошите моменти и да ги помните само нив бидејќи така врската ќе ви делува многу разочарувачки.

5. Немојте да се обвинувате меѓусебно

Ако се обвинувате еден со друг верувајте од таа битка нема да излезе победник.

Единствен начин за решавање на проблемите е да ја преземете одговорноста за сето она што зависи од вас и да престанете да го обвинувате за се друго.

6. Откажете се од желбата да го промените

Не можете да промените никој друг освен себе. Затоа прифатете го таков каков што е и почнете да расете заедно.

Кога ќе почувствува дека сте со него, ќе биде подготвен сам да ја избере промената.

До тогаш фокусирајте се на себе.

7. Откријте што му е потребно за да се чувствува сакано

Сите сме различни и имаме различни потреби за да се чувствуваме сакано. Прашајте го како најмногу сака да му ја покажувате својата љубов и исто така кажете му што ви е вам потребно.

Прегледи:
464
Објавено на:
28.10.2016