Како да го препознаете својот тип на кожа?!

За најдобра нега на вашето лице, потребно е да знаете каков тип на кожа имате. Кога го познавате вашето лице, тоа важи и за вашето тело и коса, тогаш лесно ќе може да одберете вистински производ за вас. Полесно ќе одберете средства за чистење на лицето, крем за лице и останата козметика, а исто така важно е и при изборот на декоративната козметика.

НОРМАЛНА КОЖА: Светол или темен тен, изгледа мазна, на допир мека, седефаста, нема видливи промени и непријатности.
НЕГА: не е проблематична, за чистење доволна е и хидратантна крема.
 СУВА КОЖА: се чувствува затегната, груба, на допир е рапава, изгубила сјај, може да биде потенка, се лупи, испукана е и на целото тело се јавува црвенило.
НЕГА: покрај хидратантната потребни се и хранливи состојки. Со нега треба да се врати влагата и липидите.
МАСНА КОЖА: лојните жлезди премногу лачат, што предизвикува сјај на кожата на челото и носот на целото лице, често порите се проширени, зачепени, масни нерамни, има мека површина, се појавуваат акни и митисери, кожата е нечиста.
НЕГА: за чистење потребно е длабинско чистење за да се стеснат порите, потребни се креми наменети за масна кожа со антимикробни хидратантни и противвоспалителни дејства, кои нежно чистат и го симнуваат површинскиот слој на кожата.
ЧУВСТВИТЕЛНА КОЖА: лошо ги поднесува козметичките препарати и е раздразлива, тенка, нежна без некој сјај, не ги поднесува климатските промени или од околината, црвенее, предизвикува чувство на непријатност, нетолерантна е, склона на алергии, често се јавува пецкање, чешање, боцкање. Отстранување на шминката предизвикува раздразливост исто и ако водата е „тврда“ може кожата да се надразни.
НЕГА: потребно е особено внимание при избор на препаратите. Тоа треба да бидат нежни козметички средства наменети за чувствителна кожа.

Многу често кај жените се јавува и комбинација од овие типови кожа. Жените често имаат комбинирана кожа, а тоа е масна во Т зоната (чело,нос и брада), а сува/нормална на останатиот дел од лицето. И во такви ситуации треба да внимавате кој производ на кој дел од лицето го ставате.

Изборот и негата на козметика е многу важен, но важно е и да не се претерува со голем број на производи. Пред се, најважна е добра нега на вашето лице, бидејќи ниту една шминка нема да го скрие вашето ненегувано лице.

п.с. Лицето ќе ви биде благодарно доколку конзумирате доволно вода во текот на целот ден.




Коментари

коментари